Вчера во 15 часот, В.М.(40) од Тетово во СВР Тетово пријавила дека околу 13 часот пред двор на тетовско средно училиште во кое учел, нејзиниот малолетен внук физички бил нападнат од три машки лица.
Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Четириесет и едногодишниот гостиварец Б.К., пак, пријавил дека околу пладне неговиот малолетен син во близина на гостиварско основно училиште физички бил нападнат од женско лице со кое претходниот ден имале расправија.
И овој случај се расчистува и документира.