Тројцата осомничени за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски донесени во Кривичниот суд, каде судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе им биде одредена нова мерка притвор.
Освен нив, во судот е донесен и таткото на Вања, осомничен дека на бегалецот Љупчо Палевски – Палчо му ја кажувал рутата на неговата ќерка.
Новите барања за притвор доаѓаат откако обвинителството и официјално отвори истрага против нив, со што може да бара мерка притвор подолга од 48 часа.
Во меѓувреме, обвинителите бараат и притвор за уште едно лице, осомничено за делото помагање, односно дека со своето возило го носело Палевски во Бугарија, а потоа и во Турција.