Во текот на вчерашниот Фокус повикувајќи се на свои извори, објави дека е приведен Јован Деспотовски од СДСМ кој е ексдиректор на Фондот за иновации и технолошки развој. Наводно Деспотовски проневерил два милиони евра преку ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Штип.
Приведен Јован Деспотовски: Проневерил два милиони евра во ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Штип?
Деспотовски остана без пасош
Управата за финансиска полиција го остави Јован Деспотовски без пасош поради наводна проневера на пари. Како што објави ТВ Алфа, Деспотовски повремено треба да се јавува и во суд.
Кој е Јован Деспотовски?
Деспотовски е дипломиран економист, долгогодишен член на раководството на СДСМ. Неговото име се споменува со повеќе од најблиските соработници на Радмила Шеќеринска со која работеше во Секретаријатот за европски прашања.
Тој пред да се формираше владата беше споменуван како кандидат за министер за транспорт и врски, но тоа место му припадна на Сугарески. Во 2014 година ВМРО-ДПМНЕ излезе со обвинувања за наводно доделување на европски пари на фирми на роднини на Шекеринска, но СДСМ ги негираше ваквите тврдења како неосновани.
Деспотовски ја замени Јасмина Поповска која ја предводеше новоформираната државна институција од 2013 година па наваму и во нејзиниот мандат беа реализирани четири повици за доделување на средства за стартап компании преку грантови со просечен буџет од околу половина милион евра годишно.
Деспотовски во август 2017 година стана директор на Фондот за иновации и технолошки развој. Неговото работење бележи одредени успеси, но и несоодветни справувања во многу ситуации. Според некои експерти тој потрфрли во делот на носење странски инвестиции.
Деспотовски беше директор на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ).
Деспотовски во последните година и пол е жесток критичар на политиките внатре во СДСМ. На внатрепартиските избори во јуни оваа година на трката за лидер на СДСМ тој беше противкандидат на Венко Филипче и Славјанка Петровска Овие кандидати имаат за цел да ја реформираат и издигнат партијата по историскиот пораз на парламентарните избори. На изборите Филипче убедливо победи.