Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не дискутирала за укинувањето на мерката носење маски во училиштата со цел заштита од Ковид-19. Како што информира портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ на денешната прес-конференција по состанокот, состојбата во училиштата е постабилна и би имало потреба од нов скрининг доколку се укине мерката.
– Во однос на сертификатите во училиштата денеска не беше дискутирано. Епидемиолошката состојба во училиштата секако дека е постабилна. Направен е скрининг, скринингот покажа дека 0,8 проценти е трансмисијата помеѓу оние ученици коишто се избрани по случаен избор, меѓутоа би требало да земеме предвид една важна работа, а тоа е дека скринингот е направен додека важеше мерката за носење на маските во училиште, не е направен скрининг без маски во училиште и со таква мерка имаме таква трансмисија на вирусот. Дали би можеле да очекуваме исти резултати кога би ја укинале мерката, кога би ја промениле епидемиолошката состојба актуелна на теренот, тоа е нешто што епидемиолошки е нелогично ако се случи укинување на маските тогаш би требало да направиме веројатно нов скрининг и да се следи ситуацијата каква би била на трасмисија на вирусот доколку имаме такви нови околности, наведе Мехмедовиќ.