Во последниот период, јавното настапување на СДСМ сè повеќе наликува на шаблонот на европската радикална десница: остар антимигрантски наратив, драматични предупредувања за „тајни договори“ и антизападна реторика.

СДСМ од партија што прифаќаше сѐ што доаѓа од ЕУ и од соседите, партија која спроведе целосна распродажба на национални интереси, премина на јасно посочување „непријатели“ на запад како Обединетото Кралство и Унгарија. Од тврдења дека намерно и со агенда не задолжуваат до предупредувања за мигранти и кампови. Паралелно, ВМРО-ДПМНЕ од русофилска и антизападна партија се етикетира како „инсталација на лоши сили од Запад“.

Контрадикторноста е очигледна: кога треба, Западот е проблем; кога треба, противникот е „антизападен“.

И покрај повеќекратните деманти дека постои било каков договор за кампови со мигранти, СДС ја злоупотребува оваа тема веќе неколку месеци.

Ако ова е новиот курс, а не обична тактика за добивање политички поени, логично се наметнува прашањето: од кога партија што се дефинира како социјалдемократска се лизга кон лексикон и позиционирање поблиску до АFD, Ле Пен и сличните?