Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Телма изјави дека Владата е незадоволна од функционирањето на Судскиот совет и од работата на актуелниот јавен обвинител. Тој посочи дека Владата има право да го изрази своето незадоволство од институциите што ја вршат оваа функција.
„Ние не сме задоволни како Влада од работата на овој Судски совет и на овој обвинител и тоа е наше право да не бидеме задоволни“, рече Мицкоски.
Одговарајќи на прашање зошто постапката била прекината, премиерот наведе дека тоа се случило поради изборите, но дека постојат услови процесот да продолжи.
„Имаше избори, еве сега веќе нема избори и може ќе ја продолжиме. Нормално е тоа. Еве година и половина ќе се навршат со обвинител избран од претходното мнозинство, не од оваа Влада. Претходно рековме да му оставиме шанса да се покаже дека е борец за правда.“
Мицкоски додаде дека по завршувањето на целата постапка ќе следува смена на обвинителот.
