Во петок Централниот и Извршниот одбор на партијата ќе расправа за оставката на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев која ја најави по поразот на локалните избори, потврдуваат за Фокус од СДСМ.
Седниците на партиските органи требаше да се одржи вчера, но беше откажан поради големата несреќа во Бугарија во којашто загинаа 45 патници.
Тоа значи дека во петок треба да биде констатирана оставката на Заев и да почне рокот од 15 дена за распишување на внатрепартиски избори за нов претседател на партијата. Најголем фаворит за заменик на Заев е заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски.
Повеќе детали прочитајте на ФОКУС