Телото на Нермин Сулејмановиќ се уште е во Комеморативниот центар во Тузла, а се уште никој не поднел барање да го преземе.
Оваа информација за порталот „Аваз“ ја потврдил директорот на Комеморативниот центар во Тузла, Фарук Латифагиќ.
Веќе е осми ден од страшното злосторство, а шести откако телото на монструмот е во ладилникот, бидејќи никој не ги побарал неговите останки.
Потсетуваме, Нермин Сулејмановиќ во живо на социјалните мрежи го пренесуваше убиството на неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, додека нивното бебе беше сведок на сето тоа, во локва крв. Тој покрај невенчаната сопруга ги убил и таткото и синот Денис и Џенгиз Ондер, а повредил три лица.
Неколку дена пред убиството, Низама Хеќимовиќ побарала забрана за приближување за Нермин Сулејмановиќ, но Општинскиот суд во Градачац го одбил нејзиното барање.