Анестезиологот од тетовската клиника кој снимаше и прикачуваше видеа од пациенти и лекарски персонал на социјалната мрежа Тик Ток доби 8 дневен притвор откако беше изнесен пред судија на претходна постапка, објави ТВ24.

Четириесет и три годишниот анестезиолог се товари за кривични дела „несовесно работење во службата“, како и „неовластено снимање.

Неговиот работен одос беше прекинат уште во текот на вчерашниот ден.