Осум лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на регионалниот пат Охрид-Свети Наум.

Во несреќата учествувале автомобил „голф“ со црногорски регистарски ознаки, управуван од В.И.(77) од Р.Црна Гора, автомобил „мерцедес“ со српски национални ознаки, управуван од С.М.(27) од Р.Србија и автомобил „форд“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(61) од Охрид.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „голф“ О.И.(70) од Р.Црна Гора, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, двајца сопатници од возило „голф“ и уште двајца сопатници од возилото „мерцедес“, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.