Пресудата за палењето на двете дипломатски возила на Бугарската амбасада во Скопје му донесе осуммесечна затворска казна и парична глоба од 3.300 евра на Игор Дашковски Стојановски (44).
Тој беше прогласен за виновен за загрозување лица и објекти под меѓународноправна заштита откако претходно ја призна вината. Пред судот изјавил дека сам одлучил да ги полие возилата со бензин и да ги запали. Инцидентот се случи на 15 јуни годинава.
Палењето на дипломатските автомобили предизвика остри реакции од македонските власти и дополнително ги заостри односите и политичката реторика меѓу Скопје и Софија.
