Осум пожари утрово низ државата
Биле евидентирани вкупно осум пожари утрово низ државата на отворен простор. Според податоците од Центарот за управување со кризи, седум се целосно изгаснати, а еден е ставен под контрола.
Под контрола е пожарот на Кожуф планина, на подрачјето на општина Гевгелија.
Меѓу веќе изгаснатите пожари, два се случиле во општина Гази Баба, а останатите во Виница, Кавадарци, Липково, Струмица и Шуто Оризари.