Судија на претходна постапка му одредил притвор од осум дена на 55-годишниот маж кој е осомничен за оштетувањето на стаклото
Судија на претходна постапка му одредил притвор од осум дена на 55-годишниот маж кој е осомничен за оштетувањето на стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје, потврдија денеска од Основниот кривичен суд Скопје.
Притворот е одреден на барање на обвинителството поради можност за бегство и дека сторителот може да го повтори кривичното дело.
– На 11 јануари, осомничениот од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се оддалечил во непознат правец – соопшти вчера Обвинителството.
Настанот се случи во неделата на 11 јануари, а следниот ден од Министерството за внатрешни работи соопштија дека полициски службеници од ЕВР Центар и Бит-пазар околу 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје од слобода го лишиле од слобода Ш.А. (54), поради оштетувањето на стаклото на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје
