Не го исполнува условот од статутот, најмалку еднаш да бил избран од Конгресот за член на некој од партиските органи.

Во игра остануваат тројца кандидати, за кои членството ќе треба да се изјасни на внатре-партиски избори. Актуелниот заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски, кандидатурата ја достави со програма насловена како „Заедно, одговорно и посветено“. Вели дека, доколку биде избран, останува отворен за разговор со сите сегашни и минати фукционери, како и со членови кои сметаат дека можат и сакаат да придонесат да се врати довербата во партијата и да се обедини членството.

Поранешната потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски, пак, веќе изработи и изборен постер. На својата интернет страница објави во кои сѐ партиски тела членувала и вели дека очекува поддршка од сите искрени членови на СДСМ – младите, жените и старите заборавени борци. „Не е време за дворски игри, подметнувања и суети – време е да засукаме ракави за победа“, пишува Ременски.

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој вчера последен се кандидираше, ја достави програмата „Концепт 28“ во која, според него, фокус се луѓето.„Нудиме концепт во политиката што нема да поаѓа од „кој“, туку од „како“ и „каков човек или луѓе“ ни се потребни.

Внатре-партиските избори се закажани за 12 декември, а право на глас ќе имаат сите членови на СДСМ кои ќе се регистрираат како гласачи.