Во текот на изминатите два дена екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје реализираа засилени активности во чии рамки беа подигнати и транспортирани вкупно 1.130 тони комунален отпад од контејнерите поставени на јавни површини, како и од кантите наменети за индивидуалните домаќинства.
„Комунална Хигиена“ при акцијата отстрани и 250 кубни метри отпад од приближно дваесет диви депонии лоцирани во сите скопски општини.
– Почнувајќи од првата смена во текот на денешниот ден, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува да го собира и транспортира комуналниот отпад на територијата на град Скопје според стандардната динамика, утврдена со оперативната програма за работа на претпријатието. Воедно, продолжуваат и редовните активности за одржување на хигиената на јавните и на сообраќајните површини во сите скопски општини, соопштија од претпријатието.