Министерот Таравари: Пријавете корупција во здравството

Министерот за здравство Арбен Таравари ги повика граѓаните да пријавуваат случаи на мито и корупција во здравствениот систем – кај него лично, во Министерството за здравство, во полиција или кај директорите на болниците.

Со оценка осум, Таравари верува дека јавното здравство може дополнително да се унапреди

Апсење во Битола – лекар осомничен за поткуп

📌 Во Клиничка болница Битола, полицијата го уапси лекарот М.С. (64) од Хируршко одделение под сомнение за „примање поткуп“ (член 357 од Кривичниот законик).
📌 Според МВР, тој побарал и примил пари од пациент по завршен хируршки зафат.
📌 Парите биле претходно обележани и пронајдени кај лекарот при акцијата.

Таравари: Корупцијата во здравството е факт, но треба внимателно да се испитуваат пријавите

„Ги охрабрувам сите кои имаат докази да пријават“, изјави Таравари, нагласувајќи дека министерството веќе добива пријави и ги известува директорите.

Тој додаде дека не може да открива имиња бидејќи важи презумпцијата на невиност. За можноста лекарот да остане без лиценца, министерот рече дека тоа ќе го одлучи Лекарската комора. За некои од пријавите во Хируршките клиники во Скопје, проверките покажале дека немало корупција, па апелираше на внимателност при обвинувањата.

Малигнo болните пациенти на 8 септември ќе почнат со прегледи и терапија на клиниката за онкологија ГОБ - терапија со зрачење одложена поради неопходните контроли на акцелераторот, вели министерот Арбен Таравари

Министерството најави дека ќе продолжи да соработува со полицијата и правосудните органи за расчистување на ваквите случаи.