На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево е откажан еден лет на авиокомпанијата Wizz Air, од аеродромот Фридрихсхафен.

Со последната објава на веб-страницата на ТАВ, доцнење од 30, односно 40 минути има кај неколку лета, од Варшава и од Меминген.

Според информативниот систем на официјалната веб-страница на аеродромот „Скопје“, доцнење од 40 минути има и кај летовите за Братислава и за Копенхаген.

АМСМ денеска информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла има на повеќе патни правци.