Меѓународниот саем на автомобили во Женева, Швајцарија, планиран за февруари, наредната 2023 година, е откажан и ќе се одржи во Доха – главниот град на Катар, соопштија организаторите на настанот.
– Поради глобалните економски и геополитички несигурности, како и опасностите поврзани со развојот на пандемијата, организаторите одлучија да се сосредоточат исклучиво на планирање на настанот во Доха во 2023 година, изјави Морис Туретини, одговорен за фондацијата што го организира овој саем.
Оваа одлука организаторите ја донеле на состанок одржан во Берн.