Весникот наведува дека името на канцеларката Меркел за вакцинација тој ден било впишано во центарот за вакцинирање „Темпелхофер Фелд“. Во весникот стои и дека датумот на раѓање, 17 јули 1954 година, целосно се согласува со нејзините податоци.

Патем, овој центар дава исклучиво вакцини од британско-шведскиот производител „АстраЗенека“. Тој термин, пишува „Билд“, е откажан преку платформата за закажување.

Владиниот портпарол Штефан Киберт не сакаше да го коментира тоа.

– Канцеларката ќе биде вакцинирана во догледно време и јавноста ќе биде информирана за тоа – додаде тој.

Меркел секогаш велеше дека го чека својот ред за вакцинација, за разлика од многу политичари во провинциите кои меѓу првите побрзаа да бидат имунизирани, наведувајќи дека сакаат да ја поттикнат довербата на граѓаните во вакцините.