Во меѓувреме закажана е итна вонредна седница на Владата од 10 часот утрово.
Претседателот на државата Стево Пендаровски извести дека поради трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, се откажуваат најавените настани по повод 8 Септември, Денот на независноста.
Прес-конференцијата на Фондот за иновации и технолошки развој, која беше најавена за денес во 10 часот е откажана.
Од Министерството за животна средина информираа дека се одложува настанот за инаугурација на новиот национален парк Шар Планина, кој требаше да се одржи на Попова Шапка.
Од Министерството за образование и наука исто така утрово известија дека посетата на министерката за образование и наука Мила Царовска на ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во општина Ѓорче Петров, која беше предвидена за денес во 10:00 часот, се откажува.