Намалена видливост причина за откажување на 20 летови

Поради присутната магла во скопската котлина, на Меѓународниот Аеродром Скопје денеска, 21 декември 2025 година, се забележува намалена видливост. Во периодот од полноќ до 12 часот напладне, ова предизвика откажување на 20 летови и пренасочување на еден лет.

По 11 часот успешно слетаа авионите од Дортмунд и Виена, а во моментов се очекува полетување на авионот за Хамбург.

Прогноза и препораки

Според Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост ќе продолжи и во преостанатиот дел од денот, како и во текот на утрешниот ден.

Со оглед на тоа што временските услови се менуваат постојано, а секоја авиокомпанија има свој праг на толеранција, патниците се апелирани да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од нивните авиокомпании.