Задолжителната вакцинација беше централен дел од кампањата за реизбор на канадскиот премиер Џастин Трудо во септември.
Канадските работодавци отпуштаат или испраќаат илјадници работници на неплатено отсуство кои одбиваат да примат вакцини против коронавирус.
Невакцинираните работници во Канада, каде што е вакцинирано повеќе од 83 отсто од населението над 12 години, биле преплавени од повиците на адвокатите, пренесува Ројтерс.
„Ер Канада„ и „Вестџет“, во кои се вакцинирани повеќе од 90 отсто од персоналот, суспендираа стотици работници кои не биле вакцинирани и бараат нови да ја примат вакцината.
Транспортните агенции во Торонто испратија стотици вработени на неплатено отсуство и го намалија опсегот на некои услуги.
Болницата во Отава, најголемата во главниот град на Канада, каде што повеќе од 99% од персоналот е целосно вакциниран, испрати 186 лица на неплатено отсуство откако не успеале да докажат дека се вакцинирани.
Задолжителната вакцинација беше централен дел од кампањата за реизбор на канадскиот премиер Џастин Трудо во септември.
Пред неколку дена слични вести дојдоа и од САД. Околу 9 000 луѓе вработени во јавните служби во Њујорк се испратени на неплатен принуден одмор, бидејќи не се вакцинирале против ковид, а неколку илјади пожарникари се на боледување во знак на протест.