Поморски научници на истражувачкиот брод „Наутилус“ открија подморска појава што изгледа како „пат од жолта тула“, па сликовито го опишаа како „Патот до Атлантида“, но тоа се наоѓа – во Тихиот Океан.
Откритието е последица на истражување подводни планини формирани од вулканска активност во подрачјето на гребенот Лили’уокалани, која е дел од заштитената Морска област Папаханаумокуакеа. Тимот научници користи возило на далечинско управување за испитувањата. Видео објавено на Јутјуб покажува нешто што наликува на патека од тула…
Но, тоа се всушност пукнатини на морското дно – предизвикани од „праисториски активната вулканска геологија“, појаснуваат научниците.
Папаханаумокуакеа се наоѓа северозападно од Хаваите и опфаќа 1.510.000 квадратни километри, вклучувајќи и 10 острови. „Е/В Наутилус“ минатиот месец ја истражуваше областа, проучувајќи ги геолошките и биолошките системи на подморските планини.
Пукнатините се последица од загревањето и ладењето по повеќекратни ерупции кај гребенот. „Наутилус“, инаку, го користи непрофитната организација „Оушн експлорејшон траст“, посветена на истражување на океаните.