Петмина обвинети за злоупотреби со владината фасада – штета од милиони денари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против едно лице и обвинителен предлог против уште четири лица поради злоупотреби во реконструкцијата на владината фасада. Обвинение добил управителот и останати поранешни функционери.

Според Обвинителството, со нивните незаконски постапки била нанесена штета од над 184 милиони денари на државниот буџет.

Злоупотреби во постапката за јавни набавки

Владината фасада ја отвори темаата за злоупотреба во јавните набавки. Главниот обвинет, управител на градежна компанија, во периодот од февруари до април 2013 година, ги прекршил прописите за јавни набавки.

Според обвинението:
✅ Склучил договори за заеднички настап со три фирми само за да ја зголеми својата понудена вредност, но без намера тие навистина да учествуваат во изведбата.
✅ Спротивно на Законот за јавни набавки, не пријавил подизведувачи на кои планирал да им отстапи дел од работите.
✅ По добивањето на договорот, не ги почитувал обврските, со што неговата компанија остварила финансиска корист од 470 милиони денари.

Неисполнети надзорни обврски и неквалитетни материјали

Дополнително, подизведувачот кој бил ангажиран за изработка на декоративни фасадни елементи:
Не поседувал соодветна лиценца.
Користел неквалитетни материјали, кои не одговарале на проектните спецификации.

За владината фасада обвинети и тројца поранешни функционери

Обвинителството тврди дека покрај управителот, виновни се и тројца поранешни функционери и надзорници, кои не спречиле незаконски активности.

Второобвинетиот, поранешен директор на владина служба, не ја исполнил службената должност и не реагирал на очигледните неправилности во начинот на изведба.
Трето и четвртообвинетите, одговорни за надзор, не проверувале дали материјалите се во согласност со проектните барања.

Судски процес во Кривичниот суд Скопје

Обвинетите ќе одговараат пред Основниот кривичен суд во Скопје, а државните органи продолжуваат со истрагата за целосното расчистување на случајот.

Освен владината фасада, тема на партиски преписки беше и оградата пред Владата. Поставување на ограда пред владата беше едно од првите цели при промената на власта.

(ФОТО) Вратена оградата околу владината зграда – наместо да скапува во складиште ја доби својата функција

Владата одлучи да ја врати металната ограда која беше поставена околу владината зграда. Претходно, директорот на СОЗР Ивица Томовски информираше дека оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе се направи и дополнителна проценка.