Триесетгодишен припадник на Армијата од Прилеп се соочува со кривична пријава откако кај него била пронајдена марихуана. Контролата била спроведена на 12 февруари во касарната во Петровец.
Од СВР Скопје информираат дека при проверка на ранецот на војникот, полицијата пронашла и одзела марихуана.
Против него е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори. Случајот е предаден на понатамошна постапка.
