Амфетамин, марихуана и масло од хашиш пронајдени во куќа на 38-годишник
Во Неготино, полицијата вчера изврши рација во куќа, при што откри лабораторија за производство на дрога, соопшти МВР.
Претресот се случил со судски налог во домот на Б.П. (38) од Неготино. Во лабораторијата биле пронајдени и одземени над 120 грама амфетамин, спакувани во различни пакувања, марихуана и предмети со остатоци од масло од хашиш.
Против сторителот е поднесена кривична пријава по брза постапка, а судија на претходна постапка му определил 30-дневен притвор. Уапсениот е префрлен во затворот во Гевгелија за издржување на мерката.