Холандија ќе усмрти уште 300.000 кокошки од фарма на југот на земјата, откако таму беше откриен високо заразен вид на птичји грип, објави владата во четвртокот.
Од почетокот на септември, во Холандија се регистрирани околу 30 случаи на смртоносна форма на птичји грип, по неколку десетици случаи на почетокот на годинава.
Околу шест милиони кокошки веќе се убиени во Холандија од 26 октомври минатата година кога се појави нова варијанта на болеста, објави во четвртокот холандската агенција за здрава храна.
И Франција забележа зголемување на бројот на заразени кокошки откако ја доживеа својата најлоша епидемија во историјата претходно оваа година.