Со сите 11 лица бил извршен разговор, при што појасниле дека тестовите ги набавиле од посредници за сума од 1000 до 2000 денари. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 378 од Кривичниот законик – „фалсификување исправа” и по член 206 – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.
Откриени фалсификувани ПЦР тестови на Меѓународниот Аеродром Скопје и ГП Табановце
О
Вчера полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север откриле 11 фалсификувани негативни ПЦР тестови, додека на Меѓународниот аеродром Скопје биле откриени два фалсификувани тестови.