Десет мигранти биле најдени во товарно возило со кое бил донесен материјал за рудникот „Саса“. Тие без знаење на возачот се качиле во камионот, кој имал грчки национални ознаки, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-На 20 октомври 2022 во 14.55 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во товарно возило со грчки национални ознаки, со кое бил донесен материјал за рудникот „Саса“, биле пронајдени десет лица мигранти, од кои пет мажи и пет жени. По преземени мерки било констатирано дека мигрантите без знаење на возачот се качиле во камионот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.