Полскиот оператор на нафтоводот Перн синоќа открил истекување на една линија од нафтоводот Дружба што пренесува нафта од Русија во Европа.
Перн соопшти дека причината за истекувањето засега е непозната. Откриен е во дел од цевка на околу 70 километри од централниот полски град Плоцк.
-Вториот цевковод и другите елементи од инфраструктурата на Перн работат нормално, информира Перн.
-Во моментов сите служби на Перн (технички, оперативни, внатрешни противпожарни бригади и заштита на животната средина) преземаат мерки предвидени за ваков тип на состојби, нагласи компанијата.