Русите беа подготвени да ги сносат сите трошоци, како и да платат 200.000 евра на фудбалската федерација на Босна и Херцеговина.

Но нема да има ништо од пријателскиот натпревар меѓу Русија и Босна и Херцеговина. Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина сепак се откажа од тој натпревар, иако првично ја прифатија понудата.

Руските медиуми ја потврдија оваа информација и напишаа колку можеше да заработи ФС БиХ доколку се одиграше натпреварот. Според нивните информации, таа бројка била 200.000 евра, а Русите ќе ги сносат трошоците за организација, сместување и логистика.

Некои играчи на репрезентацијата на БиХ се побунија поради споменатиот натпревар, наведувајќи ги како причина руско-украинскиот конфликт и забраната на ФИФА и УЕФА за руските репрезентации и клубови на меѓународни настапи.