Медицински тим од Република Македонија попладнево го пренесува пациентот во татковината, јави дописникот на МИА од Софија.
Ова е седмиот повреден во инцидентот на 23 ноември во кој загинаа 45 лица, државјани на Македонија.
Во денешното соопштение од болницата Пирогов се вели дека сите странски државјани кои ја преживеале несреќата на автопатот Струма се пренесени и нивната состојба се следи во Република Македонија и Република Србија по нивното отпуштање од Пирогов.