Стручните служби од Сектор пајак на ЈП Градски паркинг- Скопје, во соработка со надлежните од Град Скопје денеска отстранија 11 непрописно паркирани возила во паркот Ибни Пајко.

-Апелираме до граѓаните да не паркираат на јавни и зелени површини. По сите непрописно паркирани возила ќе биде соодветно постапено од страна на службите на претпријатието во соработка со Град Скопје и службите од локалната самоуправа, информира прес-службата на Град Скопје.