Денеска во Штип беше отворен базен и беа најавени проекти во вредност од 7 милиони евра.
– Штип доби една современа, модерна физиономија, навистина е центар во истокот. Штип денес делува навистина импресивно, а работата на градоначалникот навистина инспирира. Очекувам дека тој и во следните четири години ќе продолжи со истата динамика на реализација на проектите за уште поубав Штип, за Штип којшто ќе има уште повеќе реализирани проекти, а ние како централна Влада тука сме да ја поддржиме реализацијата на тие проекти – рече премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Штип.
Базенот претставува типска градба, е еден од шесте базени што ќе се отворат. Мицкоски посочи дека овие проекти биле заглавени и 4-5 години стоеле во место.
– Но еве сега со доаѓањето на оваа Влада, изминатите 15 месеци откако сме Влада, ги задвиживме овие проекти, тие се реализираат. После оној во Кисела Вода, овој во Штип е следен, следат Кичево и Битола, па потоа Ѓорче Петров и Карпош и оној во Кавадарци – рече Мицкоски.
Тој додаде дека продолжуваат да инвестираат во спортот, затоа што, би сакале да ги навикнат младите уште од најрана возраст да спортуваат бидејќи на тој начин се градат во вистински личности.
– Повеќе од седум милиони евра се проекти коишто директно се финансирани од централниот буџет, коишто треба да помогнат во развојот на Штип. Ова е еден од владините проекти од Министерството за спорт каде што има учество и Општината, но најголем дел е од Министерството за спорт. Но, не е само ова, во првиот и во вториот јавен повик повеќе од седум милиони евра се проекти коишто директно се финансирани од централниот буџет, коишто треба да помогнат во развојот на Штип. Јас сум убеден дека градоначалникот, како и досега, така и во иднина, со вонредниот свој, би рекол, проектен менаџмент, ќе ги сработи овие проекти, и ќе додаде вредност во животот на Штип – изјави премиерот Мицкоски.