Во овој Центар има три кабинети за ултрасонографска дијагностика на патолошки промени на тироидната жлезда, но и на други ендокринолошки жлезди. Отворен е и кабинет за тенкоиглена биопсија на промени на тироидната жлезда водена под ултразвук, како и кабинет за колор-доплер преглед на циркулацијата кај пациентите со дијабетес. Во Центарот има и консултативен кабинет за дебелина.

На овој начин се овозможува порана и подобра дијагностика на проблемот на дијабетично стапало, рана дијагноза и превенција на ампутации.

– Им честитам на моите колеги од ЈЗУ УК за Ендокринологија, на директорката д-р Саша Јовановска Мишевска, за заложбите и посветеноста во подобрување на здравствните услови на овие пацинети. Ја препознавме итноста и вложуваме максимални напори за унапредување на здравјето на лицата со дијабет и им обезбедуваме современ пристап на лекување, изјави министерот за здравство Венко Филипче.