Поддршка низ целата земја

Граѓаните денеска можат да пријават неправилности во гласањето на бесплатниот број 0800-54321, кој ќе биде активен од 7 до 19 часот, информираат од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Покрај главната канцеларија во Скопје, отворени ќе бидат и подрачните канцеларии на Омбудсманот во Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица и Тетово. Целта, како што се наведува во соопштението, е граѓаните полесно да добијат помош при остварувањето и заштитата на своите избирачки права.

„Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Куманово: 031 431-488, Струмица: 034 329-996 и Штип: 032 389-700“, стои во соопштението од Народниот правобранител.

Итни мерки за заштита на гласачите

Од Канцеларијата дополнуваат дека Народниот правобранител ќе ги заштити правата на граѓаните со преземање итни мерки за навремено постапување од страна на надлежните институции вклучени во изборниот процес.

„Избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно, и се остварува на слободни избори со тајно гласање. Никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право“, се нагласува во соопштението.

Апел за фер избори и почитување на протоколите

Народниот правобранител потсетува дека повредата на слободата на определување на избирачите, како и секоја друга повреда на избирачкото право, претставува казниво дело. Од таму упатија апел до сите учесници во изборниот процес строго да ги почитуваат утврдените здравствени протоколи и процедурите за гласање.