На изложбата присуствуваа учесници на работилницата во Вранештица и министерката за култура Ирена Стефоска.
На отворањето, директорот на Центарот за култура, Мазлам Османи се заблагодари за вечерашното присуство на менторите, учениците и мајсторот Слободан, во чија работилница се создаваа нови креации од глина.
Министерката култура Ирена Стефоска им честиташе на младите за вечерашните два настани организирани во Центарот за култура, и им посака нивната мисија да се шири и постојано да бележат доври резултати.
– Традиционално работилницата се одржува кај мајстор Слободан Столески во село Вранештица .Концептот на проектот е на професорот Филип Фиданоски , кого случајно го познавам со години. Вие сите млади што овде ве гледам сте нашата радост и нашата сила ,енергија која го полни човештвото со оптимизам борбеност и со верба. Вие младите сте движечката сила на секоја општина, рече Стефоска.
Таа посочи дека соработката што ја негуваат преку Младинската керамичка работилница е пример за тоа како треба да изгледа нашата сегашност и уште повеќе нашата иднина.
Потоа, во големата сала беше организирана поетско –музичка вечер по повод сто години од раѓањето на Блаже Конески. Програмата ја реализираа ученици од ОСУ„ Мирко Милески“ Кичево.