Во Македонија за една година е изграден капацитет од 220 мегавати од обновливи извори. Земјава го намали увозот на струја од 33 на 11 отсто. И додека расте интересот за инвестиции во соларни централи, нов предизвик е капацитетот на преносната и дистрибутивната мрежа да прима електрична енергија, пренесува Aljazeera Balkans.
За фамилијата Дамјанови, инвестицијата во нивниот мотел покрај Брегалница допринесе тие да имаат нула трошоци за струја. Ова стана возможно по изградбата на мали соларни централи. Во близина нема електро-енергетска мрежа и тие беа принудени сами да произведуваат струја. Моќноста на вградените панели е 4OKW и произведената струја ги покрива 90% од потребите, а остатокот се покрива со агрегат.