Од денеска граѓаните ќе може да патуваат по експресниот пат од Страцин до Крива Паланка.  Патувањето од 30 минути се крати на 10 минути, а од Крива Паланка до Куманово наместо еден час ќе се патува за 40 минути.

Министер за транспорт и врски и вицепремиер Александар Николоски оцени дека овој патен правец е витална артерија за поврзување со Бугарија и посака да се развиваат нови индустриски капацитети и да заживее источниот дел од државата

Историски ден за Источна Македонија! 🇲🇰
✅ Го отвораме експресниот пат Куманово (Страцин) – Крива Паланка.
Изминатите 6 месеци како нова власт интензивно работевме да се заврши овој проект којшто ќе значи поврзување на истокот со Скопје како и главна артеријата за поврзување со Бугарија.
Ја градиме Македонија! 🇲🇰, напиша Николоски на социјалните медиуми.