„Ова е Македонија за сите“ – под ова мото ВМРО-ДПМНЕ излегува на терен. Од партијата велат дека целта е да го обединат народот и да ги слушнат проблемите со кои се соочува.

Само овој викенд 19 тимови ќе посетат преку 100 населени места за да ги сослушаат граѓаните и да понудат решенија за нив.

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски од Василево порача дека оваа општина е само еден пример како со работа и посветеност може да се постигне многу, како и покрај проблемите наталожени од претходното раководство реализацијата на проектите не застанува.

„Покрај тоа што Општината има високи долгови и блокирана сметка, и покрај тоа што Општината има високи обврски поради лошото менаџирање изминатите години од претходното раководство, сепак градоначаникот наоѓа начин ветените проекти ги исопорачува и реализира., вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, од прилепско порача дека криминалот го достигнал врвот, а Македонија со СДСМ и ДУИ го допрела дното.

А секаде да поразговараме во одноцс за штетните политики кои Владата ги води и штетните национални политики, пред се на отстапките кои ги прават о однос на националните прашања, но исто така и штетните економски политики и пустошењето на државата како и се поевидентниот брутален криминал и корупција кој почнува на најниско завршува на највисоко ниво , вели Александар Николовски, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ.

Владо Мисајловски од скопско Волково порача дека ВМРО-ДПМНЕ е тука за да ги слушне проблемите на граѓаните и да најде решение.

Гледате какви скандали има, гледате како сакаат милијарди евра да украдат со автопатот, да го украдат народот. Нема економија, нема здравство, Македонија тоне пореди СДС и ДУИ. ДУИ ја води државата а СДС мора да биде со нив за некој месец плус да остане на власт. Ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат, затоа е најважно ВМРО-ДПМНЕ да победи, нагласи Мисајловски.

Градоначалникот на Општина Аеродром пак, ги посети граѓаните во населбата Драчево и оттаму порача дека тие бараат промена на власта и чесност и отчетност.

“Граѓаните во Драчево бараат промена на централната власт. Граѓаните во Драчево бараат нова влада, влада која што нема да биде синоним за криминал и корупција, тоа што го гледаме само треба да се погледнат медиумите и дневните вести да видите што се се случува во Македонија. Срам во институциите кои што треба да го раководат правосудството, срамни договори кои што се штетни по нашиот буџет, граѓаните го бараат сосема спротивното. Граѓаните бараат план програма, чесност, граѓаните бараат надеж“, нагласи Муцунски.

Пратеникот Мирче Аџиоски од охридско потсети дека власта цели шест години не го гради автопатот Кичево Охрид.

„Автопатот Кичево Охрид после 6 години од нивнито доаѓање на власт нема никаква реализација и прашање е дали и кога ќе се заврши овој автопат за кој се потрошија 600 милиони евра, вели Мирче Аџиоски пратенник на ВМРОП ДПМНЕ

Според најавите на ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ ќе бидат посетени сите населени места и градови и дека . Целта е да ги обединат луѓето околу принципите на заедничкиот патриотизам, околу промените кои насушно и требаат на Македонија и околу потребата од заедничка борба за подобра иднина.