Димитриеска-Кочоска повторно е избрана за член на Извршниот комитет
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, синоќа објави дека повторно е избрана за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Таа истакна дека е благодарна на претседателот Христијан Мицкоски за довербата која ѝ е укажана.
„Довербата е клучот за секој успех! Затоа, сакам да упатам голема благодарност до претседателот Христијан Мицкоски токму за довербата повторно да бидам дел од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Димитриеска-Кочоска.
Таа додаде дека продолжувањето на нејзината работа во Извршниот комитет е посветено на заедничката цел – Македонија да биде подобро место за живеење за секој граѓанин.
„Чест ми е што ќе продолжам со сиот свој труд, знаење и кредибилитет да придонесувам кон заедничката цел – а тоа е Македонија да биде подобро место за живеење за секој граѓанин, во секоја смисла. Тоа е она за што деноноќно работиме и во што неприкосновено веруваме!“
Министерката истакна дека ова е време на силни и мудри одлуки и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со цврсти чекори за постигнување уште поголеми победи.
„Ова е време на силни и мудри одлуки, на цврсти чекори за уште поголеми победи! Тоа е единствениот пат од кој нема да се откажеме“, порача таа.
„Да живее ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Македонија!“ – заврши својата порака Димитриеска-Кочоска.
