Ципрас, во интервју за ТВ21, откри дека двајцата таму ќе ја имаат следната средба, на која ќе евоцираат спомени.
– Знам дека го поминува одморот на Халкидики и се договоривме годинава да се сретнеме порелаксирано. Веројатно и да се потсетиме на тешките моменти и да поразговараме за иднината , затоа што колку што постигнавме досега, да постигнеме уште повеќе во иднина – рече Ципрас.