Полицијата вчера околу 17:30 часот го прекина пребарувањето на теренот.
„Сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри“ – соопшти полицијата.
Српските медиуми јавија дека полицијата сега има нова трага, која истрагата ја води подалеку од местото на исчезнувањето. Но, денеска полицијата повторно се врати и ја опколи напуштената викенд-куќа во Банско Поље пред која пред два дена исчезна 2-годишната Данка.
Во дворот се појавил багер, а полицијата ја опколи куќата во Бањско Поле и го спречува пристапот. Телеграф.рс објави дека полицијата отвора шахти и околу куќата на семејството Илиќ.
Враќањето на полицијата на местото каде што е пријавено дека во вторникот околу 13часот и 45 минути исчезнало девојчето додека мајката му давала вода на постарото братче, претставува пресврт во истрагата.
Поранешниот началник на српската Управа за криминалистичка полиција, Миле Новаковиќ, вели дека информациите кои и се досега познати на јавноста во врска со исчезнувањето на 2-годишното девојче, ја исклучуваат можноста за класично киднапирање и дека сега се е насочено кон испрашување на најблиските.
– Сега се е насочено кон родителите, се проверуваат нивните контакти, телефони, веројатно некои од најблиските членови на семејството ќе мора да направат полиграф – изјави Новаковиќ.