ИТ-секторот убедливо најплатен – далеку над просекот

Најплатените професии во Македонија отсекогаш варирале според тоа што е актуелно на пазарот. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, вработените во секторот за компјутерско програмирање и сродни дејности се и понатаму на врвот по висина на плати во земјава. Нивната просечна месечна нето плата достигнува дури 101.765 денари. Тоа е речиси двојно повеќе од националниот просек, кој во мај изнесуваше 45.796 денари.

Следуваат воздухопловството, научни дејности, логистика и фармацијата

Зад ИТ-секторот, највисоки примања имаат вработените во воздухопловниот транспорт со плата од 65.583 денари, како и оние ангажирани во производството на фармацевтски производи со 64.998 денари. Во врвните пет се вбројуваат и секторите складирање и логистика (64.109 денари), како и научно истражување и развој со месечна плата од 77.067 денари.

На дното: кожа, облека и одржување

Наспроти овие дејности, на дното на скалата со најниски примања се секторите за заштита и истражување (25.387 денари), рибарство и аквакултура (28.198), производство на облека (29.819), услуги за одржување на згради и животна средина (29.349), како и производство на кожа и сродни производи (29.685 денари). Овие суми значително отстапуваат од просечната плата и укажуваат на сè уште длабоки економски нееднаквости меѓу секторите.

Во последните две години платата на програмерите во просек пораснала околу 9000 денари, вкупно. Повеќе може да погледнете од веста во продолжение:

Кои се најплатените професии во Македонија?

Извор: Фактор