Според нивните проценки, врз основа на официјални податоци и изјави, до вчера се аплицирани 15,5 милиони вакцини во ОАЕ. Ова треба да биде доволно за да се заштитат од Ковид-19, 72,3 отсто од населението во земјата, кое е околу 10 милиони луѓе.
На Сејшелите се дадени околу 138 илјади вакцини – 71,7 отсто популација од околу 100 илјади луѓе.
Во Бахреин, каде има околу 1,5 милиони жители, дадени се 2,07 милиони вакцини. Ова се претпоставува дека е доволно за да се заштитат 69,7 отсто од населението.
Според проценките на Блумберг, до 29 јуни во Русија се аплицирани 38 милиони дози вакцини, што е доволно за да се заштитат 12,9 отсто од населението.
Вкупно 3,19 милијарди вакцинирани се во 180 земји – околу 20,8 отсто од светската популација. Во богатите земји, вакцините се даваат околу 30 пати побрзо, наведува Блумберг.