Карактеристики на крвната група

Луѓето со крвна група 0 спаѓаат во најстарите крвни групи и се познати по издржливоста на организмот. Тие имаат прекумерно активен имунолошки систем, издржливи органи за варење и високо ниво на желудочна киселина. Овие особини им помагаат ефикасно да искористат хранливи состојки од месото, на кое треба да се базира нивната исхрана.

Сигурно сте слушнале за исхраната според крвни групи, популарна уште од 1996 година. Таа е „скроена“ да одговара на внатрешното функционирање на организмот, а ја осмислил докторот натуропат, д-р Питер Д’Адамо. Според него, исхраната според типот на крвната група може значително да го подобри здравјето.

Исхрана и здравствени предизвици

Иако имаат издржлив дигестивен систем, луѓето со крвна група 0 често се соочуваат со чувствителен желудник. Причината е повисокото ниво на желудочна киселина во споредба со другите крвни групи.

Поради тоа, тие се посклони кон појава на чир на желудник. Оваа карактеристика бара внимателен избор на храна и навики во исхраната.

Во рамки на препораките, се посочува дека треба да се избегнуваат кофеин и алкохол. Кофеинот може да биде особено штетен, бидејќи го зголемува нивото на адреналин. Тоа ниво веќе е повисоко кај луѓето со оваа крвна група, што дополнително го оптоварува организмот.

Организмот на оваа крвна група најдобро ја користи храната богата со протеини и месо. Преработена храна и шеќер треба да се ограничат, за да се избегнат проблеми со варењето.