На 20.04.2024 во 17.30 часот во ОВР Кавадарци, Г.Ц.(49) од село Габревци, општина Конче, пријавил дека, додека го напасувал стадото овци по речното корито на река Црна Река во близина на село Манастирец, кавадаречко, надошла реката и му го ограничила движењето и заедно со овците останал на копно обиколен со вода.

Преку ХЕЦ „Тиквеш“ било интервенирано да се запре водата во реката, по што од страна на полициски службеници Г.Ц. и овците безбедно биле пренесени на брегот. За настанот биле известени Територијална противпожарна единица Кавадарци и Центар за управување со кризи Скопје.