36-годишниот фудбалер, неговата партнерка Џорџина Родригез, и децата -Кристијано Џуниор (11), близнаците Ева и Матео (4), и тригодишната Алана – се вселија во нова куќа од 6 милиони фунти (11,1 милиони долари) со седум спални соби минатиот месец кога се врати во Манчестер Јунајтед, но тие заминаа по само неколку дена поради бучавата на животните на село, како и безбедносните проблеми.
Извор близок до фудбалската ѕвезда изјави за весникот „Сан“:
Иако имотот е прекрасен и угнезден во живописен предел со полиња и шуми, тој беше близу до овци кои се многу бучни рано наутро,“
-Имаше јавна пешачка патека низ земјата и патот однапред даваше поглед внатре во неговите порти.„Роналдо е вистински професионалец кој многу се грижи за својот одмор и закрепнување по натпреварите, па затоа беше решено дека е најдобро ако тој и неговото семејство се преселат.
Семејството се пресели во куќа вредна 3 милиони фунти, која исто така има седум спални соби и е во сопственост на поранешен играч на „Манчестер Јунајтед“.
Изворот рече дека Роналдо живеел близу за време на неговиот претходен престој, така што се чувствува како дома.
-Неговите деца се во приватно училиште и тој се надева дека откако ќе се стиши вревата за неговото враќање во Јунајтед, ќе може да ја изнесе Џорџина и да ѝ ги покаже своите омилени локални места.