Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Во Скопје променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наместа врнежите ќе имаат
пороен карактер, локално се очекува денеска и утре да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен.

Од сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура. В недела ќе биде претежно сончево и потопло.

Во следните три дена ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе се движи од 0 до 11 степени, а максималната од 16 до 24 степени.