ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ги известува граѓаните дека утре ќе може бесплатно да ги користат паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието.
– По повод претстојниот верски празник „Богојавление“ (Водици) Ве известуваме дека на 19.01.2023 година (четврток) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ, информираат од претпријатието.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 20.01.2023 година (петок) со вообичаено работно време.